Петмина Македонци против 2000 Грци на вчерашниот протест од грчката дијаспора во Мелбурн, кој се одржа под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“.
На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе.
Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло првин до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат.
Потоа дошло и до физичка пресметка, по што интервенирала полицијата која употребила и солзавец, пренесува порталот “Фаланга”.