Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, ги одликуваше со ордени припадниците на “Јунармијата”, кои учествувале во акцијата на спасување човечки животи.
На светскиот младински патриотски форум “Ја сум Јунармија”, Шојгу на најмладите војници во Руската Федерација им го честиташе Денот на заштитниците на татковината.
“Пред се, би сакал да го честитам Денот на заштитниците на татковината. Тоа е голем празник, празник на нашите дедовци и татковци, празник на победите и достигнувањата на нашатата татковина”, рекол Шојгу пред доделувањето на ордените на “Јунармијата”.