(ВИДЕО) Настапот преку кој Иванов стана претседател на Македонија – Доказ дека нашиот претседател е повеќе од давање указ

Изминативе неколку години во медиумите и јавноста се врши активна негативна кампања за омаловажување на претседателот Ѓорѓе Иванов. За жал голем дел од граѓаните потпаднаа под оваа пропаганда, заборавајќи дека некој од надвор се обидува да го сруши последниот столб на државноста на Македонија

Во Македонија секој има право да омаловажи и оспори се, но единствено нешто кое не може и не смее да се оспори е претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој е избран на непосредни избори со даден легитимитет од над 550 илјади граѓани, единствени избори кои никој не ги оспорува кои немаат никаква црна дамка. Парламентот беше конституирана насила, големи малверзации и изборни нерегуларности се случуваа и на парламентарните и на локалните избори, на судството му беше вгнездено кукавичкото јајце наречено СЈО, владата за прв пат во македонската историја го доби мандатот со гаранции за зачувување на унитарноста и на тој начин се дерогираа сите институции односно се без легитимитет и целосно неоспособени.

Во прилог ќе го видите размислувањето на еден голем човек со уште поголем интелектуален капацитет. Телевизискиот настап кој од професорот Ѓорѓе Иванов направи претседател Ѓорѓе Иванов.

 

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.