Ловци на вонземјани и теоретичар на заговор тврдат дека не сме сами во вселената. Тие веруваат дека има вонземски облици на живот кои се наоѓаат на Месечината.
Уфологот од Шкотска Џорџ Грејм е убеден дека открил структура на Месечината, која изгледа како да ја направиле луѓе, како и скриен вселенски брод. Ова тврдење го базира на фотографиите кои ги направила кинеската сонда “Чанг 3”.
Меѓу многуте видео-снимки кои Грејм ги постави на Јутјуб се најдоа и две кои покажуваат “аномалии” на површината на Месечината.