Референдумот во Каталонија носи и многу неизвесност и кога светскиот фудбал е во прашање. Освен што отцепувањето на Каталонија, за кое на референдумот гласаат 90% од излезените гласачи, може да направи нов поредок во политичката ситуација во Европа и светот, значително ќе влијае и на светскиот фудбал.
Логично, бидејќи во тој регион се наоѓа и еден од најголемите и најпопуларните клубови на планетата – Барселона !
Како што велат навивачите на тој клуб, Барса е повеќе од клуб, однсоно овој клуб има значително влијание и на социјалните и на политичките односи во Каталонија.
Навивачите, но и фудбалерите, се силни заговорници за независноста на Каталонија, а некои од нив дури и учествуваа и на самиот референдум.
Претседателот на клубод од Камп Ноу откри какви се плановите на клубот доколку Каталонија прогласи независност.
– Во случај на независност, клубот и неговите членови ќе одлучат во која лига ќе играат. Поминуваме низ тежок период. Со оглед на она што ќе се случува во иднина, ќе одлучуваме мудро и смирено – вели претседателот на Барселона, Џозеп Бертомеу.
Ф.Г.