БРУКА:”Комуналец ги брка РОМИТЕ, а Самка го брка џекпотот?!”

Kaко што дознаваме на десетина вработени Роми во Јавното Комунално претпријатие “Комуналец” во Прилеп им е прекинат договорот за работа и истите се избркани дома?!

Информацијата пристигна до нас утринава и според неа десетина семејства од ромска националност остануваат без егзистенција.

Причините за прекинот на работниот однос на овие наши сограѓани засега не се познати.

Додека градоначалникот Јованоски и екс министерот Самка Ибраимовски во неколку наврати ги посетуваат Ромите во населбата “Tри багреми”, притоа ветувајќи им решавање на проблемот со струјата, водата, нова трафостаница, нови улици ….. луѓе остануваат без работа?

Потсетуваме дека за овие големи ветувања градоначалникот и Ибраимовски ветија дека ќе се реализираат до Нова година.

За разлика од ваквите постапки на новата локална власт во Прилеп, во ромската населба “Тризла” претходно се реализираа голем број проекти.

Се асфалтираа улици, се поставуваше улично осветлување, населбата доби нов парк, а локалната самоуправа предводена од претходниот градоначалник Марјан Ристески овозможи и изградба на нова џамија за верските потреби на ромското население.

Вака ли животот пристигна за сите подеднакво? Вака ли новите локални власти се грижат за сите граѓани?

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.