Сопствениците на американскиот моден бренд “Фридом Јунајтед” би можеле наскоро да ја тужат пејачката Ријана, бидејќи сметаат дека модниот бренд кој е во сопственост на пејачката, го украл логото “FU”, кое всушност им припаѓа нив.
Компанијата веќе испрати едно писмо до спортскиот бренд “Пума” оваа година, а сега сака да ја тужи и Ријана.
Ријана, чиј имот е проценет на 75 милиони долари, воедно е и креативен директор на брендот “Фенти”, фирма која се терети за кражба на лого.
Како што вели пејачката. за успешноста на бендот “Фенти”, најзаслужни се модните икони, моделите кои и служат како музи, но и музичките икони од 90-тите.