Џудистите од “Сеишин” имаа успешен викенд: Медал со репрезентацијата во Косово и три медали од Србија пристигнаа во Прилеп (ФОТО)

Викендов членовите на ЏК Сеишин-Прилеп се бореа на 2 фронта!

Кристина Мантароска како дел од репрезентативниот тим во сениорска конкуренција, во Пеќ, Косово, го освои третото место и се здоби со бронзен балкански медал.

Втората екипа настапи на силниот Меѓународен турнир “Алексинац Опен – 2023” во Алексинац, Србија, каде учество зедоа 350 натпреварувачи од 54 клубови, од 6 држави.

Освоени се 3 медали и тоа:

1. Теа Настоска 1-во Место
2. Тамара Илиоска 3-то место
3. Немања Џагадуроски 3-то место

Останатите членови на прилепскиот клуб (Теона Настоска, Елеонора Илиоска, Теодора Илиоска и Благојче Мантароска) прикажаа одлични борби, но не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Со ова ЏК Сеишин-Прилеп и официјално ја започна втората полусезона натпревари!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.