НУ Завод и музеј – Прилеп, КЕЦ „Небрегово“ и Шаховскиот клуб од Прилеп организираат Шаховски турнир по повод 75 години од основањето на Шаховскиот сојуз на Македонија, чиј прв претседател беше Блаже Конески.
Турнирот ќе се одржи во Спомен домот ,,Блаже Конески“ во с. Небрегово на 19-ти август (сабота), со почеток во 10 часот.
На турнирот ќе земат учество 16 шахисти од Република Северна Македонија.