Во писмото кое беше пронајдено се споменува и германската извидничка мисија „Торнадо“ во склоп со меѓународната коалиција која се бори против Исламската држава.
Додека полицијата истражува дали се точни тврдењата дека зад овој страшен инцидент стојат исламисти, на друштвените мрежи се појави писмото кое е поврзано со организаторите на нападот, а во кои е напишана застрашувачка порака:
-„Во името на Алах, милостивиот, најсилниот, 12 неверници ќе бидат убиени од страна на нашите браќа во Германија. Не смеевте да бидете како Меркел во својата валкана борба. Вашите ракети уште летаат и муслиманите гинат. Да останеме цврсти во милостивоста на Алах. Од сега се сите неверници глумци, пејачи, спортисти и сите истакнати Германци, наша мета.
Имаме два услови: Да се прекине бомбардирањето во Сирија и воената база да биде затворена.“- пишува во писмото.