“Штрајк за поголеми плати најави администрацијата??

Почетна Вести Економија
ВестиЕкономијаМакедонијаТоп Вести
Протест во Куманово: Синдикалците бараат поголеми плати во јавниот сектор
06.04.2019 – објави “Алфа”

Синдикатите на нозе го кренаа гласот, бараат поголеми плати и нивелација на истите, исплата на К-15 во јавниот сектор, почитување на социјалниот дијалог и на законите, како и колективните договори. Членови на конфедерацијата на слободни синдикати и синдикатот за образование, мирно протестираа на градскиот плоштад Куманово.

Синдикалците замерки даваат на ветените работи кои досега не им се исполниле. Негодуваат на префрлањето на јавната администрација во приватниот сектор, како и на партиските вработувања во јавниот сектор. Работниците велат дека нивните права биле на дното и срамнети со земја.

Првиот човек на КСС, Благоја Ралповски од Куманово изјави дека како работници се чувствуваат дискриминирани. Рече дека работничките права биле катастрофални.

– Од овде порачуваме стоп за трансферот од јавниот во приватниот сектор, сведоци сме дека има партиски и родниницски вработувања. КСС ви ветува остро ќе се спротистави за секој отказ на наш член, рече во говорот пред присутните, претседателот на КСС, Благоја Ралповски, истакнувајќи дека и јавниот сектор треба да исплати К-15, но побара и да се решат проблемите што поскоро.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.