Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека поради пандемијата со ковид-19 околу 16 илјади граѓани ги изгувиме работните места, а не 40 илјади колку се шпекулира во јавноста.
Шахпаска во интервју за Радиото “Слободна Европа” објаснува дека 40 илјади е бројка на новорегистрирани невработени, не работници кои останале без работа заради пандемијата.
Според неа, бројот на невработени во земјата ја зголемува и враќањето на голем дел од иселениците, кои заради пандемијата изгубиле таму работа и сега се пријавуваат во Агенцијата за вработување.
„Единствена цел е да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи“, вели Шахпаска.
Целото интервју погледнете го ТУКА