Шарпланинецот “Паша” мирно го чека рускиот претседател: Има и пасош со кој од Србија ќе патува во Русија!

Малиот шарпланинец по име Паша, кого српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му го подари на неговиот руски колега Владимир Путин, е подготвен во Белград да го пречека својот нов стопан.

Тримесечното кученце е целосно исчистено и средено за првата средба со рускиот претседател, пишуваат српските портали. Познато е дека Путин обожува кучиња и дека неколку државници досега му имаат подарувано кучиња од раси кои се симбол на нивните земји.

„Кутрето има сериозно педигре од седум генерации. Станува збор за нашата најстара автохтона раса и познато е дека претседателот Путин сака токму такви раси“, изјави вчера извор од српското претседателство.

Паша има пасош со кој ќе отпатува за Русија, а во него се наведени сите најважни податоци за него, како на пример каде му е вграден чипот и кога е вакциниран.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.