Училиштата и училишните дворови деновиве во Прилеп како никогаш досега весели, исполнети со многу љубов, детски џагор и прекрасно шаренило од новогодишни украси и креации, кои ги изработија учениците и нивните наставници.
Речиси секое училиште организира новогодишни базари, а така беше и денеска во дворот на ООУ “Гоце Делчев”, каде школскиот двор беше претесен да ги собере сите дечиња, родители, баби, дедовци…
Една преубава новогодишна слика и детски насмевки кои пленат и полнат душа!