Имаме вистинско македонско срце, Македонците нема да се предадат никогаш, изјави селекторот Лино Червар по натпреварот против Исланд. Со нерешениот резултат ја избегнавме Франција и ќе играме против Норвешка во осминафиналето.
-Издржавме. Имавме страшни пехови без Mиркуловски и Манасков. Без нив се извлековме и покажавме дека имаме вистинско македонско срце. Македонците нема да се предадат никогаш, пoкажаа македонски карактер и им честитам. Играчите се заслужни. Тие се најбитни, рече Червар.