За време на доаѓањето на Путин во Белград, руксиот претседател беше следен од телохранител со црна актовка во рацете. Тој не се одвојуваше од рускиот претседател, а причината за тоа е што во неа се наоѓаат контролите за нуклеарното вооружување на Русија.
“Чегет”, како што се нарекува актовката (името го добила по еден планински врв на Кавказ, а во превод значи “црн”), во употреба е од осумдесеттите години на минатиот век.
Станува збор за системот на контроли со посебен аудио-визуелен систем “Кавказ”, а чија задача е да ја одржува врската меѓу рускиот претседател и штабот во случај на употреба на нуклеарно оружје.