Словенија на фуриозен начин стартуваше на Светското ракометно првенство откако убедливо со 51:29 ја победи Јужна Кореја. Азиската репрезентација на Мундијалот пристигна со јуниорскиот тим, па не е ни чудно што загуби со 22 гола разлика.
Гајиќ со 10 гола беше најдобар стрелец кај Словенија, а Јанц постигна девет погодоци. Одличен беше и Мачковшек со пет гола, а тоа што беше чудно, се случи по завршување на средбата. На традиционалното прогласување за најдобар играч на дуелот, наградата му припадна на Миха Зарабец.
Ова е повеќе од неочекувана одлука, ако се знае дека Зарабец даде само еден гол, а шутна само двапати на цел меч. Кога спикерот го прогласи Зарабец за МВП на мечот, сите во словенечката репрезентација беа збунети, а секако и самиот Миха не очекуваше дека ќе ја добие наградата.
На крајот, Зарабец гордо се фотографираше за спомен дека бил МВП на натпреварот кој Словенија го доби убедливо.
Miha Zarabec claims the Player of the Match Award ?
?? ? ??#miSlovenci | #GOSlovenia | #GOSouthKorea | #Egypt2021 pic.twitter.com/FcM3UlJ4oq
— Handball Egypt2021 (@Egypt2021EN) January 14, 2021