(ФОТО) Прилепското езеро моли за вода! Го испразнија, а не кажаа дали сите вработени одат на работа?

Фотографии кои покажуваат во каква катастрофална состојба се наоѓа прилепското вештачко езеро и тоа во летната сезона кога работата во полињата е во полн ек.

Фотографиите денеска постојано ги споделуваат прилепчани на социјалните мрежи и бараат одговорност од надлежните за празното езеро.

Пред извесно време Маркукуле праша дали сите вработени во “Стерна” или Прилепско водостопанство одат редовно на работа, откако во чаршијата се дозна дека дел од нововработените од долненска општина седат дома и земаат плата?

“Дали сите вработени во “Стерна” одат на работа??”

Во предизборната програма пак на градоначалникот Илија Јованоски се ветуваше изградба на спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.