Познатите фризери за ова лето препорачуваат лефтерни, романтични и фантастични фризури за престојната летна сезона.
Ако се земат во предвид фризурите на познатите дами и идеите на нивните фризури, може да се каже дека овие осум стилови ќе бидат ин оваа сезона.
Асиметричен паж
Доколку досега сте носеле рамна паж фризура, еве една идеја како да ја освежите вашата фризура така што предните краеви ќе ви бидат за нијанса подолги…
Воб (брановита долга боб фризура)
Долгиот боб, или Лоб сите го обожаваат затоа што не бара постојано фенирање. Пуштете го ветерот да ви ја замрси косата или оставете природно да се исуши за да добиете ваква фризура.
Разделени шишки
Пуштете ги шишките малку да пораснат и направете патец настрана за да ги раздвоите. Освен што изгледаат лежерно, ваквите шишки стојат речиси на секој облик на лице.
Шаг со полни шишки
Сигурно некогаш сте слушнале за шаг фризура (слоевито скратена коса) што се носеше во минатото, а годинава доаѓа во ново издание. Баш како Тејлор Свифт можете да ја носите со полни шишки.
Модерен шаг
Доколку не сакате густи шишки, можете да ги тргнете настрана како Дакота Џонсон и да уживате во вашата слоевито скратена коса.
Миди
Слично како миди здолништата, оваа фризура не е ниту долга, ниту кратка, така што е одличен избор ако сакате да промените нешто на себе си без премногу експериментирање.
Разбушавена пикси фризура
Пикси фризурата секогаш е одличен избор за топлите летни денови. Ова лето немојте да ја фенирате рамно, туку пуштете ја да биде колку е можно полефтерна и понемирна.