(ФОТО) Несебичен пример како треба! Полициските припадници на ПЕП, попладнево се вклучија во спасување на манстирот Св. Никола кај Прилепец

Пожарот кој деновиве беснее во прилепскиот дел на Мариовскиот регион, денеска се прошири и кон манастирот Св. Никола кај село Прилепец. Огнените јазици беа дојдени на неколку стотини метри од манастирскиот комплекс, што одново беше аларм за Територијалната противпожарна единица, голем број волонтери, но и дел од припадниците на Посебната единица на полицијата (ПЕП) во Прилеп.

Сите несебично се вложија огнот да се стави под контрола, а од управата вечерва упарија благодарност до сите и информираа дека спречено е огнот да се приближи уште поблиску до манастирот.

Секоја чест! Нека ова биде пример за сите граѓани и вработени во институции!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.