Грчката полиција не ја извести Македонија дека флаери со ваква содржина им се делат на мигрантите во Грција кои чекаат во надеж да влезат и минат низ Македонија. Флаерите им ги делат странски невладини организации на мигрантите.
Грчките медиуми известуваат дека немирите на Грчко – македонската граница почнале откако се појавила брошура на арапски јазик во која се повикувале мигрантите да се соберат на границата и да се обидат да ја преминат.
Грција, пак, продолжува со неодговорниот пристап. Како што пишува „Курир“ грчката полиција не ја известила македонската страна за ваквите пораки кои утрово се повлечени.