Црквите во далечните планини на Етиопија, за кои се верува дека се изградени пред повеќе од 1000 години, со векови претставуваат место за богослужби на православните христијани од овој дел на светот.
Верувајќи дека на тој начин му се приближуваат на Бог, фигуративно, но и буквално, младите ученици ги ризикуваат своите животи качувајќи се по стрмните карпи за да стигнат до црквите во кои свештениците ги читаат светите списи на христијанската вера, пишува Дејли Меил.
Момчињата го прифаќаат свештеничкиот повик од мали нозе, благодарени на родителите кои веруваат дека тоа ќе им овозможи подобар живот од оној кој можат да им го пружат на своите мали земјоделски имоти.
Eден од странците кои се осудиле да поминат десетина дена во планините на Етиопија, фотографот Ашер Свиденски вели: “Некои свештеници-учители живеат во овие планини повеќе од 40 години. Со нив се секогаш и младите ученици, кои тука пристигнале по подобар живот. Суша ја мачи Етиопија, па гладот станува секојдневие. Во желба да ги спасат, родителите ги испраќаат своите деца во црква”.