Учителка која сите ја обожаваат! Со секој свој ученик има посебен начин на поздравување, а тоа го прави секој ден (ВИДЕО)

Учителка од Канзас има уникатен начин на поздравување со секој нејзин ученик.

23 третоодделенци во “Мueleer” основното училиште во Вичита во Канзас, секој ден пред почетокот на часовите на уникатен начин се поздравуваат со нивната учителка Џеруша Виленборг.

Овој начин на поздравување започнал пред 4 години кога еден ученик го побарал тоа.

“Имав ученик кој сакаше нешто повеќе од “хај-фајв”, а потоа и сите останати мои ученици го посакаа истото, па тоа не престана до денеска”, вели таа.

“Ги погледнувам во очи и го знам начинот на кој треба да се поздравам со секој од нив. Не правам грешки, но смешната работа е што учениците почесто грешат од мене, иако тоа се нивни поздрави”, додава оваа учителка.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.