Утре и другиден на овие места во Прилеп и прилепско ќе се прска против комарци

На 31 јули и на 1 август во периодот од 7 до 13 часот на територијата на општина Прилеп, екипа од Центарот за јавно здравје Прилеп ќе се спроведе втората фаза на ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени места каде што има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, мочуришта, делови по течението на градска река, делови од Дабнички канал, Селечка река, Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езера, област Ѓумушица, Сарика како и водени површини во населените места: Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува за следниот ден, информираат од Центар за јавно здравје Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.