Урнебесниот стенд-ап “Северно од Македонија” на Сашо Тасевски сепак ќе се игра во Прилеп: Комедија која не смеете да ја пропуштите!

ПРЕТСТАВА КОЈА НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА ПРОПУШТИТЕ, А ЗОШТО, НЕКА БИДЕ МАЛА ТАЈНА ДО ТОГАШ!

На 12 мај во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, со почеток од 20:00 часот, контроверзниот актер Сашо Тасевски ќе ја одигра стенд-ап комедијата “Северно од Македонија”.

Тасевски маестрално се враќа на стенд-ап сцената со што ќе ја заокружи трилогијата започната со претставите “Не ме лечи докторе” и “Ни срам и перде”.

Aктерот досега пет пати по ред ја полнеше Универзалната сала во 2011-2012 година, а досега има настапено во живо пред повеќе од 30.000 гледачи.

“Претставата се води по старата маалска изрека “Кого ќе удрам не жалам”, затоа што актерите на оваа приказна се најмалку за жалење. Со својата комика ќе мава и лево и десно, а претставата му ја посветува на Васе у центар!”, велат организаторите.

Се работи за урнебесна комедија која ќе ве смее од почеток до крај, или како што вели Тасевски “Да не беше смешно немаше да го играм!”.

Претставата претходно доживеа огромен успех во Домот на АРМ во Скопје, каде Тасевски успеа да изнасмее полна сала,

Влезниците се по цена од 200 денари и истите можете да ги купите на следниов линк:
https://kupikartizase.com/Events/severnoodmakedonija_prilep?fbclid=IwAR2kmgh-naYPIxQMJ1lv4eqdN1UHUyaXscWZZTQRERYGz1RYHWSyUmxRzXM

Информации и резервации на телефонскиот број: 071/497-706




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.