Уредникот на “Teлма” Кировски: “Тевдовски е тотално изгубен во времето и просторот – Ова со даночнава реформа е автогол за СДСМ”

Главниот и одговорен уредник на Телевизија “Телма”, Атанас Кировски, преку својот Фејсбук профил го прокоментира зголемувањето на даноците, кое го воведува Владата:

“Ова со даночнава реформа, е таков автогол на СДСМ за кој изгледа сеуште не се ни свесни. Ќарот во буџетот ќе биде минимален, и бездруго помал и од ситните суми кои ги проектираат, а штетата енормна! Посебна приказна се даноците на се што оди како приход, па дури и на девизните заштеди над 15.000 денари?!? Постариве луѓе-сиромаштијата што оставила некој денар за не дај боже – да ги даночиш е според маалскиот принцип кого удрам не жалам. Мислам дека не е лошо уште еднаш да размислат, ама без Тевдовски, човекот е тотлно изгубен во времето и просторот”, напиша Кировски на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.