Викендов во Охрид се одржа натпревар во боречката вештина бразилска џиу-џица, во организација на клубот БЏЏ Рутс-Охрид, во соработка со Македонската федерација за бразилска џиу-џица, на чело со Претседателот Ивица Алексовски. На турнирот учествуваа клубови од Скопје, Охрид, Куманово, Битола и Прилеп. Натпреварите се одржуваа во две дисциплини, со кимоно и без кимоно, во машка и женска конкурeнција. Клубот БЏЏ Рутс Прилеп, под водство на инструкторот Катерина Атанасоска имаше одличен настап и учествуваше со 8 натпреварувачи.
Вкупно се освоени 8 медали, од кои: 2 златни за Христијан Граороски, 1 сребрен медал за Стефан Сталески и 5 бронзени медали, за Стефан Сталески, Христијан Тасески, Душан Јаничиевиќ, Мартин Николов и Лела Јурукова, во женска конкуренција.
За пофалба е настапот на нашиот нај искусен натпреварувач кој имаше 6 борби, 3 во кимоно и 3 без кимоно при што издвојува 6 победи. Освои две први места и два златни медали. Без медал останаа Наумче Трајкоси и Игор Велески, кои имаа по две борби, но не успееја да обезбедат место во првите тројца. Натпреварот беше одлично организиран, помина во најдобар ред и пред се беше едно убаво искуство и спортско дружење за сите учесници. На крајот на турнирот Претседателот Ивица Алексовски одржа семинар за Бразилска Џиу Џица.