Македонски Железници – Транспорт и оваа година излегоа во пресрет, па за време на четринаесеттото издание на “Пиво Фест”, ќе сообраќаат бесплатни возови од Скопје и Битола до Прилеп, за сите посетители кои имаат до 26 години.
Од Скопје веќе тргна првиот патнички воз со гости за фестивалот.
Во “Паркот на револуцијата” пак повторно има бесплатен кампинг простор, со обезбедени тоалети и тушови, како и кафе во утринските часови.