Традиционално и оваа година Планинарски марш по Селечка планина

_MG_9086

Планинарите  од еколошко планинарското друштво „Картуш“ и оваа година по 12-ти пат ќе го организираат планинарскиот марш по Селечка планина. По тој повод повеќемина планинари денеска остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески.

_MG_9055

„По 12 –ти пат ПСД „Картуш“ на 21 мај ќе го организира традиционалниот планинарскиот марш по Селечка планина посветен на Петре Андоноски – Музичарот. Сите учесници треба да поседуваат добра физичка подготвеност, а како организатори обезбедуваме бесплатен ручек како и многу други награди од спонзорите“, посочи Ристо Димоски од ПСД „Картуш“.

_MG_9077

„Денеска во мојата канцеларија се најреномираните планинарски друштва кои организираат доста тури, но оваа тура секогаш ја организираат во месец мај. Оваа здружение има одлична соработка и поддршка од локалната самоуправа“, истакна градоначалникот Марјан Ристески.

_MG_9080

На турата учество ќе земат околу 600 гости од земјава и странство, а традиционалниот планинарски меморијален марш е долг 20 километри.

_MG_9051




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.