„Ти благодарам“ , нова песна на Гоце Бошкоски – Чоки

13170741_946344802153009_1409265330_o

Гоце Бошкоски – Чоки е музичко име кое кариерата ја започна пред десеттина години, освојувајќи неколку домашни и интернационални фестивалски награди како наградата „Тоше Проески“ за најдобра интерпретација на „Еврофест 2007“, или истата таа награда на интернационалниот Радиски фестивал „Зеница 2008“ во Босна и Херцеговина… И кога сите очекуваа неговата кариера да експлодира, Чоки заедно со тукушто оформеното семејство добива иселеничка виза и заминува да живее и работи во САД. По 7-8 годишна пауза, Гоце Б. Чоки се враќа во родниот Прилеп, каде покрај тоа што е ко-сопственик на семејната локална радиостаница „Чоки 5 ФМ“, целосно и се враќа на музиката, настапувајќи со своите колеги Мартин Јанкоски и Љупчо Колевски , како трио насловено: „Гоце Б. Чоки и дуо Свинг“. Во меѓувреме, тој одново почнува да ја гради и својата солистичка кариера снимајќи авторски композиции. Токму деновиве во етерот ја исфрли својата најнова песна „Ти благодарам“, за која стиховите ги напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се авторрско дело на композиторот, аранжер и продуцент, Дејан Момироски. Како звучи новата песна „Ти благодарам“ на Гоце Б. Чоки слушнете и сами уверете се во неговите извонредни гласовни можности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.