Реконструираниот дел на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп беше отворен во пресрет на Новогодишните празници, а на свечениот чин присуствуваше дури и премиерот Зоран Заев.
И ние нема да бидеме Прилеп и Македонија, ако работите продолжуваат да се одвиваат дури и откако ќе се пресече црвена лента.
Тактилните траки за cлепи лица кои беа поставени по тротоарите на булеварот, се најдоа во сите фалби за она што локалната власта го сработила.
Се правеа пресови, се вршеа увиди во работата и постојано се повторуваше едно исто:
“Прилеп добива булевар со импозантни тротоари, гранитни плочки и тактилни траки за слепи лица….”
Епа тешко на слепите лица со вакви патеки:
Овие фотографии нека бидат апел до надлежните од слепите лица во нашата општина.