Ивица Дачиќ, шефот на дипломатијата на Србија и лидерот на социјалистите, по објавата на српски Курир дека неговиот генерален секретар во ресорот е позитивен на кopoнавиpyc, вели дека до сега три пати се тестирал за Koвид-19 и дека резултатот три пати бил негативен.
За последен пат, додава тој, се тестирал два дена пред доаѓањето на рускиот колега Сергеј Лавров во Белград.
– Три пати се тестирав, последен пат, два дена пред посетата на Лавров и сите тестови беа негативни. Последното тестирање го направив заради безбедност на рускиот колега.
– Бев и кај Цеца и кај Желјко Митровиќ и во Кина. И овие тестови беа негативни, изјави министерот Дачиќ.