СО НЕГО НЕМА ИГРАЊЕ: Путин крева 300.000 војници и 1000 борбени авиони – Русија ја одржува најголемата воена вежба во последните 37 годни (ФОТО)

Русија ги започна подготовките за најголемата воена вежба од почетокот на Студената војна.

Русија во наредниот месец ќе ги одржи најголемите воени маневри во последните четири децении, порача рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Во големата воена вежба “Исток 2018”, на самиот исток од земјата, на крајот од август и почетокот на септември ќе учествуваат речиси 300.000 војници.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во понеделникот рече дека престојната вежба ќе биде “најголема од 1981 година, без преседан по големина и број на единици кои учествуваат”.

Во вежбата исто така ќе учествуваат повеќе од 1.000 авиони, две руски морнарски флоти и сите воздушни единици, рече Шојгу.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.