Четириесет и три годишниот прилепчанец Г.Р., сопственик на ноќен клуб, вчера утрината пријавил дека бил нападнат од посетители на клубот.
Според пријавата посетителите В.К., З.Д., Д.Н. и уште неколку непознати лица кои биле во алкохолизирана состојба, заминале од клубот без да ја платат сметката.
-Истите во 04.20 часот, маскирани и со железни шипки се вратиле во клубот, ја скршиле влезната врата, со спреј-солзавец го испрскале и физички го нападнале Г.Р. и со шипките во раце се движеле по масите на присутните и шанкот на објектот, кои во страв и паника почнале да бегаат и да излегуваат од локалот, информираат од полицијата.
Во општата болница во Прилеп на Г.Р. му се констатирани расекотини во пределот на главата.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.