Сонцето од Вергина ќе мора од секаде да се отстрани во рок од 6 месеци

Во првите шест месеци откако Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција ќе стапи во сила, земјава ќе мора да го испита статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктурата. Доколку тие на каков било начин се поврзуваат со античката историја на Грција и на цивилизацијата што претставува дел од историското и културното наследство на таа земја, ќе треба да се преземат соодветни корективни мерки.

Ова се предвидува со договорот кој викендов се очекува да се потпише во Преспа, а кој има за цел да го реши долгогодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски веќе изјави дека споменикот „Воин на коњ“ ќе биде преименуван во „Александар Македонски“, но оти ќе добие табла со објаснување на која ќе пишува дека тој е дел од хеленскиот антички период.

Согласно договорот, Македонија не смее повторно да го користи на кој било начин и во сите негови форми симболот прикажан на поранешното национално знаме.

Во рок од шест месеци откако договорот ќе стапувањето во сила, земјава ќе го изврши остранувањето на симболот прикажан на поранешното национално знаме од сите јавни места и јавни употреби на нејзината територија.

Археолошките артефакти не спаѓаат во опсегот на оваа одредба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.