Безобразната и дрска Руби пред 15 години беше голем хит на Балканот. Кога ќе ја видите како изгледа денес, ќе помислите дека времето застанало за неа.
Барбара Мори кариерата ја започнала како манекенка, а најголема популарност добила како актерка во серијата Руби, која пред 15 години беше многу популарна и во Македонија.
Злобната убавица неодамна наполни 41 година, а пред три години стана баба. Но, тоа според нејзиниот изглед не би се рекло.
Таа стана баба откако нејзиниот син Серхио доби ќерка на 18 години.На неполни 30 години Барбара се соочила и со рак на дојка.
-Многу е тешко да се каже: „Да, имав рак“. Поради некои причини Бог ме стави на тест и јас успешно го положив…Се изборив со болеста, го победив ракот и одам понатаму – рекла своевремено Барбара.
Таа на социјалните мрежи често објавува фотографии во природно издание, кое предизвикува уште поголемо воодушевување.