Се распродаде на прва: Новото чоколадо со џимиринки од Краш стана вистински хит

Веќе не мора да замислувате каков вкус би имало чоколадото со чварки, сега можете да го пробате! Да, тоа е точно, направено е чоколадо со чварки, а за тоа е задолжена хрватската компанија „Краш“, која реши да ги изненади сите оние кои се „шегуваа“ дека би сакале да пробаат ваков тип чоколада.

„Краш“ на својата Фејсбук страница објави дека направиле чоколадо „Дорина“ во кое има чварки, а тоа ги воодушеви сите љубители на слатки!

Со оглед на тоа што оваа комбинација првпат се спомна на 1 април, и тоа на шега, од компанијата истакнуваат дека интересот бил толку голем што навистина решиле да ја реализираат идејата поточно „шегата“.

Побаравте, добивте! „Дорина Чварак“ е навистина тука! Поради големиот број на позитивни коментари, решивме да одиме чекор понатаму – ограничено издание „Дорина Чварак“.

Не е шега. На сите оние кои позитивно ја коментираа нашата првоаприлска шега и сакаа да ја пробаат „Дорина“ со чварки, испраќаме една копија на нивната адреса. Контактирајте не во инбокс и ви благодариме што не инспириравте ова да го направиме реалност – напишаа на страницата на „Краш“.

Од компанијата велат дека на првиот ден од продажбата имало огромен интерес кај потрошувачите и сите количини на овој нов необичен вкус на Дорина се распродадени, па оние кои не стигнале до својот примерок се запишани на листа на чекање за следните произведени количини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.