Вчера вечер во халата за состаноци на Хотел Кристал Палас во Прилеп, со почеток од 17 часот, се одржа најголемиот бизнис настан во Прилеп.
Business opportunities ( Бизнис можности ) презентацијата, беше претставена пред повеќе од 200 бизнисмени ширум Републиката. Настанот кој привлече огромно внимание и интерес беше во организација на претставници од Lyoness за Прилеп.
Компаниите кои би се одлучиле да го набават софтверот на CashBack (враќање на средства), имаат директни придобивки кои се одразуваат во зголемување на продажбите, стекнување на нови потрошувачи, нивна лојалност, зголемување на задоволството кај истите, како и креирање на дополнителен приход. Сите досега вклучени компании генерираат ваков дополнителен приход. Нивните продажби се зголемиле како резултат на зголемената посета поради тоа што, потрошувачите имаат можност да повратат дел од своите средства кои би ги искористиле во нивните продажни салони.
Ако досега софтверот за компаниите беше релативно скап, сега истиот е со многу намалени цени, и е поделен на CashBack program Light, Basic и Professional.
Она што даде огромно значење на настанот и што придонесе истиот да биде издигнат на едно високо ниво, беше присуството на тројцата лидери Зоран Витанов, Дичо Мизовски и Антонио Лејтнер, кои со своите презентации го одбележаа овој настан и привлекоја огромно внимание кај сите присутни.
Од организаторите уште дознаваме дека компаниите односно трговските партнери кои се вклучени и кои би се вклучиле во CashBack програмата, добиваат свои CashBack лојални картички. Овие картички со логото на компанијата, потоа истите ги делат на своите потрошувачи, и на тој начин се создава обострана корист при купувањето. Потрошувачот добива повратни средства на својата лојална картичка, средства кои може да ги користи во сите такви компании кои го набавиле овој програм во своето работење.
Вакви картички денес имаат сите навивачи на фудбалскиот клуб Рапид од Виена, Славија Прага од Чешка, а наскоро таква придобивка ќе имаат и навивачите и на други фудбалски клубови. Навивачите на овие фудбалски клубови, преку своите картички директно го помагаат својот клуб и добиваат повратни средства.
Првиот говорник на настанот Зоран Витанов, кој инаку е економист по професија и бивш политичар, говореше за Lyconet како платформа или за лојалната единица на Lyoness (луѓе кои ја шират мрежата), односно за придобивките на трговските партнери кои би се вклучиле во ова. Од него дознаваме дека Lyoness Македонија брои повеќе од 101 000 членови и дека секој ден влегуваат по 2 компаниии како партнери. Зоран Витанов направи и претстави пресметки според кои на 500 евра потрошени во еден месец, во просек се враќаат околу 60 евра, или тоа би значело 12% поевтин живот на тие кои би се вклучиле во Lyconet програмата, и би пазареле кај трговските партнери на Lyoness.
Вториот соговорник Дичо Мижовски се осврна на продуктите, начинот на користење на истите како и вредноста на трите вида продукти што ги нуди Lyoness на потенцијалните трговски партнери.
И на крајот Антонио Лејтнер говореше подлабински за човековиот разум, типичниот начин на размислување кај обичните луѓе, како да се искоренат тие класични размислувања дека човекот се раѓа, расте, треба да заврши школо, факултет и да бара работа. Лејтнер се осврна на човековиот пат на друг начин, да не се размислува обично и класично, туку да се остави човековото суштество само да размислува, само да го одбира и трасира патот, начинот, желбите и да ги покажува своите афинитети. Во своето излагање изнесе една интересна изрека “ Успехот започнува во вашата глава”.
Она што можеше да го забележи нашата екипа, присутна на настанот, беше тоа што кај присутните бизнисмени се разви огромна заинтересираност за оваа програма и се најавија нови трговски партнери кои наскоро ќе пристапат.
Добивме и изјава од сопственик на ресторан во Прилеп кој не го криеше своето задоволство од партнерството со Lyoness CashBack програмата.
Игор Котески сопственик на ресторанот Лимитлес Гарден од Прилеп смета дека со внесувањето на неговиот бизнис во loyal програмата односно cashback системот на Lyoness, добил многу нови потрошувачи и посетители на неговиот локал, дополнителен приход, а како резултат на тоа и можност за воведување на новитетити во работењето. Неговиот ресторан нуди можност на дури 10% повратни средства на сопствениците на Cashback картички. Презадоволен е од Lyoness и вели дека се повеќе нови партнери се приклучуваат и чекорат по неговиот пат.
Игор Трајкоски, сопственик на Мој Маркет од Прилеп, кој се вклучил во мај месец 2015година, се пофали со зголемување на продажбата од 25%. Тој вели:
“Eдноставно премногу добро, да биде вистинито, но сепак тоа е така, затоа што веќе зборуваме за факти, а не за визија.
За крај исто така не смее да се заборави, а да не се спомни тоа дека Lyoness преку двете фондации, Child and Family Fondation и Greenfinity Fondation, донира пари со секое купување, а преку фондацијата Child and Family го организира проектот Angel of the day.
[Best_Wordpress_Gallery id=”92″ gal_title=”Lyoness”]