Дали денеска се чувствувате побезбедни? Дали сметате дека вашиот имот е позаштитен?
Во 2015 година, актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески, преку прес-конференција велеше дека е нарушена безбедноста на прилепчани.
“Долгогодишната злоупотреба на МВР од страна Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, резултираше со нарушена безбедност и сигурност на граѓаните на општина Прилеп! Само за еден месец, во Прилеп се случени огромен број на разбојништва и кражби, од коишто една со украдени 47 илјади евра, а друга со 30 илјади евра! Разочарувачки и поразително делува фактот што најголем дел од овие кражби, се уште остануваат не разрешени, што укажува на сериозна нестручност и непрофесионалност во работата на полициската станица во Прилеп. Очигледно, брзањето на власта да „вдоми“ што поголем број на партиски членови во МВР, како и маргинализирањето на професионалниот кадар, доведе до аматеризам во работата на прилепската полиција”, порача тогаш од партиската говорница Талески.
Вашето мислење дали Прилеп е побезбеден град денеска ги очекуваме во коментари.