Арсениј Ангелески е млад пијанист од Прилеп во класата на професорката Христина Никоска Тасеска, при нижото музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка”.
Арсениј е роден на 9 јули 2005 година во Прилеп. Оваа година завршува осмо одделение во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп.
Првиот успех го стекнува на 51-от државен натпревар на ученици и студенти во Скопје во 2013 година, освојувајќи Прва награда. Освен тоа, Арсениј има освоено:
* Лауреат на:
Меѓународниот натпревар „Accordeon Art Plus“ во Сараево (БиХ) (2019).
* Специјални први награди на:
Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје (2014, 2015) година; Меѓународниот музички фестивал „Охрид, те сакам!“ (2015); VII меѓународен натпревар на млади пијанисти во Гевгелија (2017); VIII меѓународен фестивал „Музичка пролет“ во Смедеревска Паланка, Србија (2018).
* Први награди на:
Меѓународниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ во Охрид (2014); V и VIIмеѓународен натпревар за млади пијанисти „Мај – месец на музиката“во Врање (Србија), (2015, 2017); Фестивалот за млади музички и балетски таленти во Скопје (2015); IX меѓународен музички фестивал во Аранѓеловац, Србија (2016); VIIIмеѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци (2017); Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Србија (2017); XXI меѓународно натпреварување на млади пијанисти во Шабац, Србија (2017); Iмеѓународен натпревар за класична музика „ArtIn-Veles“ во Велес (2018); III меѓународен фестивал „Полихимниа“ во Скопје (2018); Меѓународниот натпревар „Интерфест“ во Битола (2018); Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје(2019);
Арсениј Ангелески поседува и Сертификати за активно учество на семинарите по пијано кај предавачите:д-р Ана Гацева, KarlAndreasKolly(Швајцарија) и RustamRahmedov (Турција). Во 2015 година учествуваше на Летниот музички семинар во Врање, Србија. Арсениј Ангелески редовно учествува на новогодишните и годишните концерти, во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, забележувајќи одлични настапи.
Во продолжение слушенете го неговиот пијано рецитал за Preludium & fuga no. 6, d-moll од Јохан Себастијан Бах: