Во новиот неверојатен извештај на руското министерство за одбрана се наведува дека ескадрилата на борбени авиони Eurofighter Typhoon предизвикала паника во северна Англија пред некој ден, бидејќи налетала на “мистериозен објект” кој излетал од морето, па почнала на пука на него.
Според извештајот, неколку сателити и радари, вклучувајќи руски, британски и американски, го забележале овој “мистериозен објект” при излегување од морето на брегот на северна Англија, поради што ескадрилата на Eurofighter Typhoon авиони е испратена да интервенира.
Локалните жители од Лидс, Јорк, Херогејт и Донкастер кои го виделе ова случување одма почнале да паничат, верувајќи дека започнува Трета светска војна, бидејќи слушнале гласни експлозии на небото и виделе воени авиони како прелетуваат.
Само 15 минути после тоа случување, британската влада издала “ДА” наредба (Defence Advisory – Одбрамбено предупредување) за ниедна медиумска организација да не смее да известува за тоа што се случило, а после 7 часа објавила податок дека француски патнички авион предизвикал проблеми со радио комуникацијата и дека затоа дошло до инцидент.
Меѓутоа, експертите на руското министерство за одбрана наведуваат дека сите француски авиони поседуваат повеќе комуникациски системи како и повеќето модерни патнички авиони, кои продолжуваат да работат дури и во вонредни ситуации, во било кои околности, со исклучок на катастрофа, што овде не било случај.
Најинтригантно во сето е што во извештајот се споменува така наречен “мистериозен објект” и што е можно да тој има врска со така наречената “Аномалија на Балтичкото море”.
А.Г.