Најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо на прославата на титулата во Лигата на шампиони, ги “смири” навивачите на Реал Мадрид со пораката дека на исто место ќе се видат и следната година.
Само 24 часа претходно Португалецот по победата со Ливерпул во Киев изјави дека “било добро да се игра за Реал и дека наскоро ќе им соопшти на навивачите каде ќе продолжи”, со што ги започна шпекулациите за негово заминување од Мадрид.
Сепак, на прославата на титулата додека 80.000 навивачи му скандираа :”Кристијано остани!”, изгледа се реши дилемата.