Пopтпapoлот на Taлибанците и’ ce jaви на водителка на “Би-Би-Cи” во емиcиja во живо (Видео)

Шахин и се јавил на водителката на нејзиниот мобилен телефон додека го водела интервјуто, и таа брзо го ставила на звучник и почнала да го испрашува за настаните во Авганистан, според „Сан“.

Откако потврдил дека може да ја слушне, Шахин започнал говор во кој ветил мир во земја зафатена од војна.

-Луѓето од Авганистан во градот Кабул, нивните имоти и нивните животи се безбедни. Нема да се одмаздиме на никого. Ние сме слуги на народот и на оваа земја”, рече тој.

Шахин, кој не ја исклучил можноста за јавни егзекуции и казни во форма на ампутациив додал:

-Раководството им наложи на нашите сили да останат пред портите на Кабул, да не влегуваат во градот. Чекаме мирен трансфер на власта

Портпаролот рече:

-Не можам да го кажам тоа сега. Зависи од судиите и законите. Судиите ќе бидат назначени според законот на идната влада

Тој, исто така, потврдил дека земјата ќе се врати на екстремната верзија на исламскиот шеријатски закон.

-Се разбира, ние сакаме исламска влада, додаде тој.

Исто така истакна:

-Но, ние ќе ги почитуваме правата на жените и ќе им дозволиме пристап до образованието.

Водителката била пофалена од колегите и луѓето на Интернет за смиреноста.

-Тоа интервју со талибанците е неверојатно. Јалда Хаким е апсолутна шефица, напиша на Твитер новинарката Асамах Мир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.