Пуштени се во продажба блок карти за двомеч дуелот од првото коло во ЕХФ купот помеѓу екипите на РК Прилеп и швајцарскипот ПФАДИ Винтертур.
Влезниците се со симнболична цена од 100 денари и важат за двата натпревари.
Двата натпревари прилепчани ќе ги играат како домаќини во Универзалната сала, при што првиот дуел ќе го имаат во сабота, 3-ти септември со почеток од 19:00 часот, а вториот дуел е закажан за наредниот ден во истиот временски интервал.
Картите за натпреварите се продаваат во City Tobaco во центарот на градот.