Со помош на оваа евтина и вкусна витаминска салата за само три дена можете да ги прочистите цревата и да намалите некој килограм.
Салатата е богата со витамини и минерали, но и влакна, а за нејзина поготовка ви треба:
-зелка
-цвекло
-морков
-темнолистет зеленчук
-лимонов сок
-масло
Постапка:
Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковот во однос 3:1:1.
Додадете зачински билки по свој вкус (мирудија, магдонос, целер). Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додадете малку лимонов сок. По желба, за постигнување на пикантност, во салатата може да додадете и изгмечено чешне лук.
Залијте со многу малку маслиново или ленено.
Салатата не е потребно да се соли.