Во писмото од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски до Општинските изборни штабови и функционери, партијата на власт од своите функционери бара дисциплина и избегнување на одење во кафеани, на одмор, на патувања, во кафетерии.
Според писмото објавено на социјалните мрежи ако сепак членството замине на овие локации никако да не се слика и да објавува на социјалните мрежи, е барањето на Генсекот од партиските припадници на СДСМ.