Прогласени најуспешните 20 жени менаџерки во Македонија – Помеѓу нив и Даниела Перканоска од “Aвто Контрол” Прилеп

Агенцијата „Марили“ вчеравечер ги врачи статуетките „Жена водилка“ на најуспешните жени менаџери за оваа година. На свечената манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери 2022“ што се одржа во хотелот „Инекс Олгица Хотел & Спа“ во Охрид беа прогласени за најуспешни 20 менаџерки од нашата држава и од регионот и беа наградени за нивното успешно менаџирање со компани, пред се, од приватниот бизнис сектор.

„Избор на најуспешни жени менаџери“ која агенција „Марили“ традиционално веќе 26 години по ред ја организира како поддршка на жените и нивните заложби за водење успешен бизнис. Меѓу најуспешните од Македонија и регионот е Даниела Перканоска, генерален менаџер на Авто Контрол Прилеп, која со контиунуиран успех ја води и развива компанијата, и е една од ретките менаџерки што ќе се закити со ова престижно признание, а работи надвор од главниот град.

Меѓу наградените, беше и гувернерката на Народната банка на Р.С.Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска која доби специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на кризи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.