Деновиве на социјалните мрежи граѓани постојано се жалат, за тоа во каква состојба се старите и новите градски гробишта во Прилеп.
Неискосени тревници, канти полни со отпадоци, расфрлан отпад наоколу…. една навистина грда слика која треба час поскоро да се промени.
-Прилеп, 2024 година, стари градски гробишта. Добро е што плаќаме за одржување на гробиштата и на гробните места. Замислете да не плаќавме како ќе беше!? – пишува во реакциите на социјалните мрежи.
Граѓаните го повикуваат Јавното комунално претпријатие “Комуналец” на одговорност за овој неред и срам. Велат дека во изминатите денови не биле воопшто во можност да ги посетат гробните места на своите починати ближни.