Прилепчанец освои бронзен медал во Нови Сад – се натпреваруваше со најдобрите готвачи во регионов (Фото галерија)

Гастро Куп Србија е меѓународен натпревар во готвење на кој учествуваат професионални готвачи, а оваа година се одржа по седми пат во саемот за туризам во Нови Сад.

Целта на овој шампионат е да собере што поголем број на готвачи од Србија и земјите од регионот, но и од Европа и земјите ширум светот, кои на едно место ќе се натпреваруваат, но и ќе разменуваат искуства за нови трендови на готвење и кулинарски техники.

Натпреварот годинава се одржа на 1 и 2 декември, а учество зеде и младиот готвач од Прилеп, Влатко Митрески.

25-годишниот прилепчанец кој работи како шеф на кујна во ресторанот “Деспина”, се закити со бронзен медал во категорија на порции со пилешко.

Ова не е прв успех за младиот готвач од Прилеп. Тој и во изминатите години се закитуваше со медали и признанија, како на натпревари во Македонија, така и во странство.

Честитки за постигнатиот успех и желби за уште поголеми достигнувања во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.