Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на денешната седница на Наставно-научниот совет, го избра новиот Декан на факултетот.
Проф. д-р Миле Маркоски, ја доби довербата од Наставно-научниот совет на факултетот, да биде Декан во мандатниот период 2024 – 2027 година. Проф. д-р Миле Маркоски моментално ја извршува функцијата Продекан за наука, соработка со стопанство и развој.
Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е еден од најстарите факултети во државата и е еден од основоположниците на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Факултетот како водечка институција во областа на земјоделските науки и храната, оваа година одбележува 76 години од своето основање.